s   STIHL Viking
sad
Како се прави гнездо
Направете им дом на малите пријатели. Со мала спретност можете многу едноставно да изградите гнездо.
Потребен материјал:
 Кружно дрво, дебелина околу 20 cm
 Моторна пила, со мал повратен удар на ланец Picco Micro Mini, на пр. MS 180 C
 Чекан и шајки (60 – 80 mm)
 Бор-машина (бургии 25-30 mm)
 Јарец за трупење дрва
Кружното дрво цврсто фиксирајте го и прво излупете ја кората. Потоа лево и десно паралелно забодете го мачот
во длабочина околу 20 cm, свртете го трупецот за 90 степени и повторете ја постапката. Внимание: кај оваа техника на работа постои опасност од зголемен повратен удар. Задолжително да се придржувате на упатството за употреба на пила и користете ја техникава само ако сте
потполно сигурни во себе.
Внимание: кај оваа техника на работа постои опасност од зголемен повратен удар. Задолжително да се придржувате на упатството за употреба на пила и користете ја техникава само ако сте потполно сигурни во себе.
Одвојте го корпусот од остатокот на трупецот со кос засек, на кој подоцна ќе лежи кровот од гнездото.
Потоа рамно исечете една шајбна, дебела 3 cm. Таа ќе
биде дно на гнездото.
Штицата за кров се сече со 2 должински пресеци по трупецот. Имајте во предвид дека штицата за кров мора да
биде подолга од пречникот на корпусот (ca. 30 cm), со што
се прави заштита од влегување вода во гнездото при дожд.
Сега издупчете дупка за влетување на птиците во гнездото. Отворот може да биде различен, во зависност од видот на птиците, тој се движи од 28 mm (на пр. за сини сеници) до 32 mm (за сиви сеници).
Цврсто заковајте го дното за корпусот.
Потоа зацврстете го кровот ... и гнездото е готово!
Меѓу другото: При закачување на гнездото внимавајте на тоа, отворот за влетување да биде свртен кон исток. Многу успех и задоволство при работа!
 

Почетна страна | Продажни места | Производи | Новитети | За нас
Контакт | Линкови | FAQ | Забава

Генерален застапник НИМЕТ дооел ул. Качанички пат бб. Скопје
Телефон: 02 / 2602-488; 2602-487; моб. 070 / 415-612