Како се прави клупа |
|
За рустична клупа може да се
најде место во скоро секој двор
или градина. А со тоа и за
Вас извонредно местенце за
релаксација. Со нашите совети
за потребен материјал и техника, направете една клупа за седење. За деца можете да го направите истото во помал формат. |
|
Потребен материјал: Кружно дрво, ca 120 cm долго и ca 30 cm широко. Други 2 кружни дрва за ногарки, ca 30 cm долги и 30 cm широки. За заден наслон: 2 диреци (долги по желба, во зависност од висината на наслонот), 1 штица (долга 120 cm). Моторна пила, со мал повратен удар на ланец Picco Micro Mini, на пр. MS 180 C Бор-машина 12 Штрафа, ca 150 mm. |
|
Прво осигурајте се дека
трупецот не може да се
стркала- ставете на пр. кајли
од дрво. Трупецот се сече
по половина. Прво нацртајте
линии со креда на едната
челна страна, а потоа и по
страните. Сега сечете го
делот за седење со правоаголен
засек со до средината на
кружното дрво. Потоа свртете
го трупецот за 180° и сечете по должина на другата страна на трупецот. |
|
Сега направете ги ногарките. И двете пократки кружни дрва се засекуваат во V-форма, и се прицврстуваат со седечката страна. |
|
Прицврстете ги двата диреци за ногарките и седечката страна. | |
Финиш: недостасува уште
да се намонтира наслонот. Прицврстете го со 2 штрафа за диреците на саканата висина. |
|
Нека Ви биде удобно! Ви посакуваме многу успех и задоволство. |
|
Почетна страна | Продажни места | Производи | Новитети | За нас
Контакт | Линкови | FAQ | Забава