- Олабавете го ланецот
По работата олабавете го ланецот. Бидејќи тој од температурата што
настанува при работа се оптегнува, а по ладењето повторно се собира,
па на тој начин може да ја оштети радилицата и лагерите.
- Исчистете ја машината
Вашата моторна пила STIHL, а особено отворот за всмукување на
ладен воздух како и ребрата на цилиндерот, по завршувањето на
работата треба да се исчистат. При подолги паузи од над 3 месеци
неработење со пилата, треба да ги извадите мачот и ланецот, да ги
исчистите и напрскате со заштитно масло. Исчистете го филтерот за воздух
Валканиот филтер за воздух ја намалува моќноста, ја зголемува
потрошувачката на гориво и го отежнува палењето. Редовно проверувајте
ја неговата состојба. По потреба исчистете го филтерот за воздух во
чиста незапаллива течност ( на пр. вода со сапуница).
|
|
|