s   STIHL Viking
sad
Како се прави саксија за цвеќе
Саксија која е направена од самиот трупец на дрвото е вистински украс за секоја градина и двор. А како можете мајсторски да ја направите, ќе Ви покажеме овде.
Потребен материјал:
 Кружно дрво, долго ca.120 cm, со пречник ca. 30-35 cm.
 2 Помали кружни дрва за ногарки, долги ca.30 cm, со
пречник ca. 20 cm.
 Моторна пила, со мал повратен удар на ланец Picco Micro Mini, на пр. MS 180 C
 Бор-машина
 Секира
 4 Штрафа, ca 150 mm
Нацртајте ја со креда големината на отворот на челната страна од дрвото и маркирајте за од околу линијата на отворот. Најпрво исечете ги челните страници
(дебелина на страниците ca 15 cm).
 
Потоа се прават должинските страници. Означете го
должинскиот засек со мал површински засек. Потоа
поставете ја пилата рамно и длабете се шпицот сé додека
не се постигне саканата длабочина.
Внимание: при забодување со мачот од пилата настапува
опасност од голем повратен удар.
Сега сечете ги челните страни: забодете ја пилата правоаголно и сечете сé до готовиот должински засек. Истото повторете го и на другата страна.
Штом се надворешните ѕидови на саксијата готови, направете во средината 3-4 паралелни должински засеци, исто толку длабоки.
Дополнително средината која треба да се извади дијагонално се засекува 3-4 пати.
Засечените деланки кои настанаа дополнително мошне лесно се отстрануваат со секирата.
Додатните нерамнини на дното и остатоци од деланки кои
настануваат треба уште малку да се доработат со секирата.
За да не се создава преголема влажност од остатоците од
вода, дното на повеќе места продупчете го сосема со пилата.
Ставете ја притоа саксијата на јарец, за кога ќе ја продупчувате, да не допирате со ланецот од пилата на земја (опасност од оштетување на ланецот).
Сега довршете ги ногарките.
Двете помали дрва се засекуваат во V-форма,
за да пасуваат на саксијата. Потоа се заштрафуваат.
   
Останува уште Вашата лична фантазија: направете шаренило! Со растенија и цвеќе со Ваш вкус.
 

Почетна страна | Продажни места | Производи | Новитети | За нас
Контакт | Линкови | FAQ | Забава

Генерален застапник НИМЕТ дооел ул. Качанички пат бб. Скопје
Телефон: 02 / 2602-488; 2602-487; моб. 070 / 415-612