STIHL “ Best Buy во Македонија “
Ова го покажува првото истражување за наградата „Best Buy Award“ во областа на Земјоделството за 2015/2016 кое беше спроведено во текот на месец февруари 2015, врз репрезентативен примерок на испитаници од Македонија, постари од 15 години.
Истражувањето го спроведе швајцарската организација ICERTIAS, која го мери исклучиво искуството на испитаниците и нивното задоволство во однос на цената и квалитетот на производите и услугите кои продажните места ги нудат на пазарот.
Како дел од истражувањето за наградата Best Buy Award, од испитаниците е побарано да одговорат што според нив претставува најдобар однос помеѓу цената и квалитетот, односно најдобра вредност за нивните пари, според своето лично искуство за производи во областа на земјоделството на македонскиот пазар.
Прашањата во истражувањето за наградата Best Buy Award беа од отворен тип, односно на испитаниците не им се нудеа повеќе одговори од кои можеа да изберат. Тие сами ги наведуваа имињата на производителите и на давателите на услуги кои, според нивното искуство, нудат најдобар однос помеѓу цената и квалитетот на пазарот.
Победата и првото место се одраз за најдобриот квалитет на Моторни пили во Македонија !
Почетна страна | Продажни места | Производи | Новитети | За нас
Контакт | Линкови | FAQ | Забава